(ВИДЕО) ЖАЛНА ВЕСТ: Денес во Мелбурн почина Виолета Јовановска

Македонците во Австралија вечно ќе ја паметат Виолета Јовановска по нејзините дела..

Во 63-тата година од својот живот по долго боледување почина Виолета Јовановска, голем хуманист, новинар и борец за човекови права. Зад себе ги остави сопругот Пецо, синовите Александар и Горан, снаите и внуците. 

Македонската јавност во Австралија добро ја познава Виолета по својата дејност како водител и уредник на Македонската радио програма SBS каде работела 35 години.

Во 2014 година беше наградена од страна на Македонскиот претседател Горге Иванов за Македонка на годината.

Во Австралија исто беше наградена со титулата Order of Australia.

Виолета Јовановска како активист во Македонската заедница се има докажано на повеќе наврати меѓу кои и во 2001 година кога ја формираше женската хуманитарна организација 'Надеж', која им помогна на многу Македонци во Република Македонија кога им требаше помош за лекување. Големите луѓе се познаваат по своите дела, таква беше и Виолета со своите дела.

Виолета беше долгогодишен претседател на женската хуманитарна организација 'Надеж'.

Во времето кога Виолета Јовановска беше уредник на Македонската радио програма SBS, Македонската радио програма беше слушана од десетици илјадници Македонци дневно.

Последен пат јавен говор одржа 2016 по повод 15 години од постоењето на женската хуманитарна организација 'Надеж', како и 25 годишнината на незавосноста на Република Македонија. Погледнете го говорот:




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top