(ВИДЕО) Заврши гласањето во Мелбурн и Канбера за референдумот

Погледнете ги резултатите..

Денес вo конзулатните претставништва вo Мелбурн и Канбера се одржа гласањe по повод претстојниот референдум. 

Како што се очекуваше мал број на луѓе се запишаа за гласање. Според резултатите што ги имаме во Мелбyрн и Канбера гласале 18 лица.

Во полза за референдумот гласале 100% од гласачите. Секако дека не се знае точниот број на луѓе кои што го бојкотирале референдумот. 

Ние бевме на самото место во Мелбурн каде што не ни беше дозволeно да снимаме внатре во Конзулатот, но според тоа што го видовме, забележавме неколку личности од Светскиот Македонски Конгрес, како и претседателот на едниот од двата Задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Мелбурн, Јане Мавчев. 

Во нашата редакција се јавија неколку личности кои што претходно уредно билe запишани како гласачи, но кога пристигнале на гласачкото место, не им било дозволено да гласаат.

На фејсбук имаат создадено страница под наслов Предавници каде се објавуваат имињата на тие што гласале и има погрдни зборови за истите.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top