(ВИДЕО) ЗАВРШИ ПОЛИЦИСКАТА ПОТРАГА:Убиени терористите кои убија новинари и полицајци

Заврши полициската потрага по напаѓачите на фанцускиот неделник Шарли Ебдо. Според информациите од франциуските медиуми, двајцата браќа се убиени.

Француските медиуми објавија дека се убиени браќата Шериф и Саид Куачи, осомничени за завчерашниот напад врз весникот Шарли Ебло во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе. Браќата биле убиени во градот Дамартин ен Гоел, каде полицијата ги држеше под опсада во една печатница. Внатре според информациите, браќата држеа најмалку еден заложник.

На телевизиските снимки кои го пренесуваат настанот во живо сè уште се слушаат истрели и експлозии и се гледа чад над печатницата. 





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top