(ВИДЕО) Жената која плукна и се искашла на полицаец во Сиднеј е ослободена со кауција

25-годишна жена која наводно кашлала и плукала врз полицаецот е ослободена со кауција..

Младата жена, наводно, била фатена возејќи со брзина од 120 км на час во Гринејкр, југо-западно од Сиднеј, во петокот попладне.

Кога полицијата ја фатиле, таа, наводно, плукнала во лицето на офицерот и му рекла дека е на пат да се тестира за коронавирус.

Таа, исто така, постојано кашлала во него додека тој се обидувал да ја стави во полициското возило.

На жената првично и беше одбиена кауцијата и се појави на суд во саботата.

Сепак, таа оттогаш е ослободена со кауција и ќе биде подложена на тест на менталното здравје.

Полицијата ја товари за низа возачки престапи, како и за напад врз полицаец за извршување на должноста.

Таа ќе се врати на суд во јуни.

Офицерот за кој наводно плукал и кашлал, бил тестиран за вирусот како претпазливост и ќе биде принуден да се изолира 14 дена.

Видеото погледнете го ТУКА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top