(ВИДЕО) Жерновски: Власта се заканува дека ќе ми ги одземе ингеренциите

Власта можеби ќе ми ги одземе ингеренциите, за да може да ги спроведе урбанистичките планови во центарот на Скопје, предупреди градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски..

Ова предупредување се однесува пред се и поради црвеното светло од Центар да помине планот за Мал ринг, каде што спаѓа и изградбата на Шпанските скали на скопскиот плоштад.

-Ќе има посебна прес конференција на која ќе кажам што значи тоа за фасадата на ГТЦ, фасадата кај ЕВН, Шпанските скали. Очекувам опструкции од страна на владата, слушам ќе ми бидат одземени ингеренциите, доколку јас го направам тоа, ќе ми бидат одземени за да го довршат тоа што го наумиле. Сепак, нема да ме спречи ништо да се борам против урбаната мафија - рече Жерновски.

Според градоначалникот на Центар, во ноември детално ќе биде презентиран ревизорскиот извештај за Скопје 2014.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top