(ВИДЕО)Дачиќ им пее на наставнички од Јагодина во Паралија

Српските медиуми денеска објавуваат снимка од „настапот“ на шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ, во грчкото одморалиште Паралија..

Дачиќ бил гостин на вечерата на 300 српски наставници и ученици од Јагодина, каде градоначалник е Драган Марковиќ – Палма, познат по слични испади во јавноста, кои во Паралија се дојдени заедно со градоначалникот за „да разменат искуства со своите грчки колеги“.

На мини концертот, министерот со скромини гласовни способности ги забавувал наставничките со 10 песни – српски, руски и грчки.

Ова не е прв пат Дачиќ да има вакви настапи, а познат по тоа стана на настапот во Босна и Херцеговина кој беше објавен во јавноста. Тој „настапи“ и на инаугурацијата на претседателот Александар Вучиќ каде пред амбасадорите ја пееше „О соле мио“.

Нова


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top