(ВИДЕО+ФОТО) Австралиски авион ги забележал остатоците од паднатиот авион на Air Asia?!

Австралиски спасувачки авион забележал објекти во морето за кои се сомнева дека му припаѓаат на исчезнатиот авион недалеку од островот Нангк 160 километри....

Авионот на малезиската компанија „Air Asia“, што од вчера се води за исчезнат, откако се изгубија врските со него кога леташе над Јаванското море со 162 патници и членови на екипажот, најверојатно се урнал, изјави индонезискиот заменик претседател Мухамад Јусуф Кала, според кого индонезиските власти немаат информација за можната локација на падот на авионот.

- Не се осмелуваме ни да претпоставиме што можело да се случи, освен дека е изгубен контактот- изјави генералниот директор на индонезиската Агенција за сообраќај Џоко Муржатмоџо и додаде дека од авионот не е упатен повик дека леталото се наоѓа во неволја. Инаку авионот полетал од индонезискиот град Сурабаја, а контакот е изгубен 42 минути по полетувањето.

Австралиски спасувачки авион забележал објекти во морето за кои се сомнева дека му припаѓаат на исчезнатиот авион недалеку од островот Нангк 160 километри југозападно од Пангалана Буна, што е на околу 1120 километри оддалеченост од локацијата на која авионот го загубил контактот.

Синоќа спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по исчезнатиот авион, која продолжува од утринава. Лошото време дополнително ја отежнува потрагата. Авионот на„Ер Азија“ со 162 патници исчезнал од радарската контрола.

Пилотите на летот од Индонезија до Сингапур, барале да ја сменат висината за да ги избегнат лошите временски услови.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top