(ВИДЕО+ФОТО) Елена Јовческа и Сања Ристеска го промовираа својот дует „Сестра“

Елена Јовческа и Сања Ристеска ја промовираа својата најноваљ песна снимена во дует „Сестра“..

Познатата фолк пејачка Елена Јовческа меѓу дијаспората позната и по своите вештини во свирење гајда и зурла приреди ново изненадување за својата публика.

Имено по долгогодишно другарување со фолкерката Сања Ристеска која исто така и е позната на публиката во Австралија се решија да снимат песна во дует.

Песната е насловена како „Сестра“.

Mузиката и текстот се на Елена Јовческа,  аранжманот е на Николче Кочанковски. 

Видеото го реализираше Ин продукција и е снимено во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.

Песната е со емотивна содржина и најмногу ќе ги трогне нашинците во дијаспората.

Слушнете и ќе бидете воодушевени.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top