(ВИДЕО+ФОТОГАФИИ) Америка затрупана со снег: Авионите не летаат, животот застана, а има и загинати

Невремето од историски размери започна во Чикаго, каде наврна 30-та центиметри снег, а снежни врнежи има од Пенсилванија до Њујорк. Снежните бури најверојатно ќе ги зафатат....

Поради снежното невреме, кое полека се движи од истокот кон средината на САД, откажани се 2.000 летови, а во сообраќајните несреќи предизвикани од снегот на патиштата, загинаа двајца луѓе.

Невремето од историски размери започна во Чикаго, каде наврна 30-та центиметри снег, а снежни врнежи има од Пенсилванија до Њујорк. Снежните бури најверојатно ќе ги зафатат и областите од Небраска до Мејн, соопшти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето откажани се преку 2.000 летови, најмногу на аеродромите во Чикаго, каде има и прекин на снабдувањето со струја. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top