(ВИДЕО+ФОТОГРАФИИ) Apple тотално забегаа: Зошто Apple Watch вреди неверојатни 10.000 долари?

Според него, Apple ќе понуди 38 модели на паметни часовници , преку кои ќе може да се разговара, да се праќаат пораки, да се користат социјалните мрежи или речиси сите опции кои ги поседуваат паметните мобилни, а ќе бидат опремени и....

После долго чекање и најавување, Apple на вчерашната презентација во Сан Франциско го претстави својот паметен часовник Apple Watch. На презентацијата беа прикажани моделите кои ќе имаат ограничена продажба во прво време, а директорот на Apple, Тим Кук гордо на сцената рече дека ова е најперсонализираниот гаџет кој досега го направиле од компанијата.

Според него, Apple ќе понуди 38 модели на паметни часовници , преку кои ќе може да се разговара, да се праќаат пораки, да се користат социјалните мрежи или речиси сите опции кои ги поседуваат паметните мобилни, а ќе бидат опремени и со GPRS. Разликата во цената ќе ја прави само изработката на часовникот и тоа дали алуминиумски, челичен или златен.  

-Ние досега имаме изработено илјадници апликации за часовниците. Секако, тука се едни од најпопуларните кои ги имаат и iPhone и iPad, како Facebook, Viber и Instagram. Со часовникот ќе може исто така да се отвораат хотелски соби наместо со досегашната картичка или врата од гаража поврзана онлајн. За повеќето функции , сопственикот на часовникот ќе треба да поседува барем iPhone 5 или некој понов iPad. 

Сo Apple Watch може да се добиваат SMS и имејл пораки, со можност за споделување на куп пoдатоци со пријателите, а и да се прават телефонски повици.

-Станува збор за часовник со супер прецизен со доцнење од само 50ms, и со оглeд на тоа дека сепак станува збор за часовник, покажување на времето сепак е најважно. Тој исто така ќе биде и ваш фитнес тренер кој ќе ве потсетува дали доволно се движите, вежбате, па дури и дали седите предолго. „Како да имате личен тренер на вашиот зглоб“. Батеријата на часовникот трае цел ден, но сето тоа ќе зависи од неговата употреба, додава Тим Кук.

Инаку златниот Apple Watch чини неверојатни 10.000 долари, додека обичниот Apple Sport ќе чини некои 350 долари. Исто така ќе има и часовници од 400, 550 и 1.100 долари, се во зависност од материјалот за изработка, како што кажавме претходно.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top