(ВИДЕО+ФОТОГРАФИИ) Фустан од иднината кој ќе ги штити жените?

Но, ако и се доближивте на дамата и подобро се загледавте, ќе ја забележевте нејзината опрема, и најверојатно ќе се уплашевте бидејќи таа го шири својот фустан и со тоа ви....

Не неодамнешниот CES саем 2015 во Лас Вегас можеше да се сретне дама која делуваше како да залутала на погрешен саем, бидејќи нејзиниот фустан изгледаше како да е наменет за некоја модна ревија.

Но, ако и се доближивте на дамата и подобро се загледавте, ќе ја забележевте нејзината опрема, и најверојатно ќе се уплашевте бидејќи таа го шири својот фустан и со тоа ви покажува до каде смеете да одите.

Овој необичен фустан наречен Spider Dress е опремен со сензори и роботска механика и 3Д печатени делови, чиј систем работи на Intel Edison платформата, односно на компјутерски систем намеменет за гаџетите кои се носат. Како што пишува CNet фустанот го дизајнираше дизајнерката Аноук Виперчт, која е позната по спојување на технологијата и модата, а системот го замислила така да вградените proximity сензори (сензори за оддалеченост) ќе препознаат кога премногу сте се доближиле, додека биометриските сензори истовремено го мерат нивото на стрес, па доколку компјутерот ја препознае вашата вознемиреност, се активира одбранбениот систем на фустанот и со тоа ги шири своите боцки, и ви става на знаење дека поблиску не можете да се приближите.

Овој систем може да се нарече во целост одбранбен. Боцките би можеле и да се наполнат со некакви несмртоносни отрови, но не веруваме дека креаторите ќе одат дотаму.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top