„Види го нашиот, види го вашиот...“

Соопштение на Интегра..

Денес кога сите сме окупирани со КОРОНА состојба. Денес кога сите се плашиме дали МВР ќе не апси за да го наполни буџетот кој е Наш а ние од него аир немаме, денес кога доколку сакаме да посетиме болен роднина, татко, мајка или недај боже дете мораме да пријавиме во полиција и од таму некој да се смилува и да дозволи да бидеме луѓе. Денес и уште не знам што како право а мора некој да знае.

Зошто?

Затоа што некој зел повеќе од тоа што му следува. Зел нешто Ваше. Ги зел Вашите пари. Пари со кои требаше Вашето дете да се школува тука или во странство а пак да биде покрај Вас. Пари со кој ќе возевте нов а не извозен автомобил од некоја баба во Германија или Словенија. А тој да е екстремно богат, да поседува бензински, автомобили кои вредат колку цела една зграда, јахти и секакви други луксузи. Неговото дете во секој момент може да го одземе животот на Вашето (смртнику) и при тоа да не одговара, а Ти, јас и сите смртници ќе плачиме и ќе се тешиме дека тоа мора така да биди.

Се возам со двајца мои почитувани колеги од кои едниот е креатор на овај наслов. И зборуваме за апашлукот кој се прави во Македонија. Немоќни и во доза на смеа констатираме. Никој не одговарал, не одговара, и …(нема да одговара).
Креаторот на насловот вели: ”Само се тешиме – Види го нашио шо му рече на Вашио”, тоа е фраза со која никој од СДС не му прави ништо на ДПНЕ. Само си кажуваат кој колку украл, кој колку се збогатил, кој колку зијан на државата направи. А таа кутрата никако да падни на колена.

Другиот колега вели: ”Види каков копук беше пред да стани директор”, а сега, сега никој не познава. Полн е со пари, и никој не му можи ништо. Ќе се смени власта ќе оди во канцеларија никој нема да го ѓиба, и пак мирен. Ќе дојди другио и пак од почеток.
Се вмешав и Јас. Денес кога се трудам нешто од ова да сменам и каде ќе тврдам дека кон тоа ќе целам. Им велам.: ”Да со вакво обвинителство никој нема да биде гонет”, ”Со ваков суд никој нема да биде суден”, ”Со вакви партии Мурто работи и се богати, а кога Курто ќе започни Мурто ќе чека да биди Курто и така до ден денес”. Оваа Македонија ќе биде отселена, заборавена, уништена, а Македонецот угнетуван, заробен и недај боже да побара правда или да им се спротистави на овие ОБВИНИТЕЛИ (партиски штимери), на овие СУДИИ (алваџии по нарачка) и што друго му останува. Нека се надева дека предходните ќе се сетат дека пред да станат штимери и алваџии биле ПОСЛУШНИЦИ во некој штаб за парче неправда платено со Ваши буџетски пари.

Да не биде види го нашио – види го вашио денес реши: Немој за Мурто и не се сити шо рече Нашио за Вашио. Немој за Курто шо ќе му врати Вашио на Нашио.
Денес избери нов почеток и ова 30 годишно СДС-ДУИ и ДПНЕ-ДУИ лудило стави го на страмна страна.

Гласај со маска, без маска, гласај и ако ти дале нешто, гласј и ако не ти дале ништо.

Со маска ако гласаш исмевај ги…

Без маска ако гласаш, хабро спротистави им се…

Ако ти дале нешто, тоа сигурно е дел од твоето…

Ако не ти дале ништо, тоа значи дека се плашат да изгубат…

Прати ги во историја и еднаш за секогаш да престане Види го Нашио, Види го Вашио а при тоа никој да не одговара.

Правда мора да има овие бестрамни судии мора да си одат, овие обвинители мора заедно со нив. Ова е Ваша држава. Ова е Македонија. Таа не е ни на СДС ни на ДПНЕ, не е ни на ДУИ, таа е твоја на твоите деца и ти треба да бидеш газда на својот труд, имот, живот, а не да молиш за правда во која Вашио зборувајќи кон Нашио си делат и живеат од твојата пот.

Правда гарантирано ќе има, одоворност ДА. Доколку тоа во ова мое барање јас не можам да го сменам Ви давам гаранција дека прв ќе си одам и за тоа ќе Ви кажам. Но денес можам да Ве замолам да не биди Вашио Курто, Нашио Мурто а се што нешто сака поинаку да се поистоветува со Нив. 

Ние не сме исти а завет со сигурност пред БОГ немаат ВАШИО НАШИО, а НИЕ СЕ ИМАМЕ ЗАКОЛНАТО и само неговата казна е страшна за Нас и Нашите најмили.

д-р Николче Талевски, ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА ИЕ5


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top