Видиќ: Ни Суарес, ни Торес, најтежок ми беше еден џин!

Во негово време во Премиер лигата имаше и други блескави напаѓачи како Луис Суарес, Дидие Дрогба, Серхио Агуеро итн..

Иако речиси на секој натпревар против Ливерпул добиваше црвен картон затоа што не можеше да го фати Фернандо Торес, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ откри дека Шпанецот не му бил најтежок за чување.

На дуелите со тимот од Енфилд секогаш беше тешко, но најголеми маки му создавал Питер Крауч.

„Никогаш пред него не сум видел напаѓач двометраш. Играше за Ливерпул на Енфилд во Куп натпревар и пред мечот си помислив: што можам да направам против него? Белами беше брз, знаеше да влезе во простор, ќе центрираше кон Крауч… никогаш не бев видел таков фудбал. Тоа беше тежок натпревар, загубивме со 1-0“, признава Видиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top