Виена добива автобус без возач

Автономното возење е голем тренд што има потенција да ги промени градовите..

На тој проект работат Виенер Линиен, Австрискиот институт за технологија, КФВ, ТУВ Австрија и Сименс Австрија како и францускиот производител на автобуси Навја.

Цел на проектот е зголемена ефикасност и безбедност на автономните возила за да се покрене автобуска линија во градот под реални услови со автобуски станици, возен план и вистински патници.

Првиот автоматски автобус нуди место за 11 патници, а го покренува електромотор. Проектот почнува летоска.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top