Виена сака да стане првиот град целосно покриен со 5G мрежа

Моменталната ситуација предизвикана од пандемијата покажа колку е итна дигиталната комуникација за сите полиња од животот..

Затоа, Петер Ханке од виенската градска влада за дигитализација постави цел Виена да стане првиот град во Европа кој ќе биде целосно покриен со 5G мрежа. Со програмата за финансирање вредна 20 милиони евра Градот Виена сега има доволно средства за да се извршат потребните инвестиции во ширење на мрежата

За Виена, како најдобар град за живот, потребна е добра понуда на комуникациска технологија. Покрај ширењето на широкопојасната мрежа со помош на оптичка технологија, мобилната комуникација е едно од основните обележја кои го прават градот извонредно место за живот и современа бизнис локација со најнова технологија. 5G е најновата генерација мобилна мрежа и мобилниот интернет станува се побитен. Тоа го забележуваме особено сега во текот на кризата. Затоа го поддржуваме брзото ширење на 5G мрежата во Виена со 20 милиони евра“, изјави Ханке.

Дигитализацијата денеска е побитна отколку кога било порано и може да ни помогне да ја пребродиме кризата. Добро развиената, стабилна широкопојасна мрежа е основа за искористување на дигиталниот потенцијал, а 5G е клучната технологија за дигитализација на бизнис локациите. На почетокот на годинава имавме најголема 5G мрежа, во Виена веќе има 60 локации. За понатамошно ширење новата програма за финансирање на Градот Виена за користење на сопствени градски станици е битен придонес во 5G стратегијата и за дигиталната иднина“ изјави Маркус Граусам, директор на A1 (Telekom Austria Group).

Програмата за финансирање вклучува антентски јарболи кои ќе почнат да се изработуваат во периодот меѓу 1 јули 2020 и 30 јуни 2022 година. Оваа временска рамка дава поттик особено брзо да се имплементираат инвестициите во 5G мрежата во Виена и на тој начин порано од другите градови да се направи битен чекор кон целосна покриеност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top