Викторија и Нов Јужен Велс во следните 48 часа ќе бидат во изолација

Владите на Викторија и Нов Јужен Велс соопштија дека следните 48 ќе бидат во изолација со цел да се спречи проширувањето на Коронавирусот.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус најави дека Викторија ќе ги затвори сите бизниси со исклучок на најважните како фармациите и супермаркетите во текот на следните 48 часа со цел да се спреши ширењето на коронавирусот.
Во изјавата, Ендрус рече: „Жителите на Викторија сепак ќе можат да одат во супермаркет, банка, аптека и други основни продавници, како бензински пумпи и продавници за погодности. Товарните возила, логистиката и доставувањето до домови исто така се сметаат за основни и ќе останат отворени.“

Училиштата ќе се затворат од вторник.
Прочитајте го соопштението на Премиерот Ендрус:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top