Викторија се заложи за потпишување на контраверзната иницијатива на трговија на Кина

Викторија официјално се заложи за потпишување на контроверзната иницјатива „One Belt, One Road“ со надеж дека ќе генерира поголема трговија и повеќе работни места..

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус и кинескиот амбасадор во Австралија, Ченг Џингје, финализираа меморандум за разбирање оваа недела, со што Викторија стана првата и единствена австралиска сојузна држава која ја поддржа глобалната иницијатива на претседателот Ши Џинпинг.

Киненската иницијатива One Belt, One Road е масовна глобална мрежа на инфраструктурни проекти кои се обидуваат да го оживеат Патот на свилата преку создавање на два модерни транзитни и трговски коридори помеѓу Кина и Европа.

„Овој нов договор со Австралија сумира сè што сме постигнале со Кина во текот на изминатите четири години - тоа значи повеќе трговија и повеќе работни места во Викторија и уште посилни односи со Кина,“ рече Ендрјус.

„За четири години имаме повеќе од тројно зголемување на уделот на кинеската инвестиција во Австралија и речиси двојно го зголемивме извозот во Кина. Рековме дека ќе ја рестартираме нашата врска со Кина и ќе го направиме тоа.“

Според масовниот план кој прв беше обелоденет во 2013 година, Кина сака да заживее древна мрежа на трговски патишта на копно и веќе потроши милијарди долари за нови инфраструктурни проекти за патишта, железници, пристаништа и поморски коридори.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top