Викториски полицајци обвинети за дрога

Против Австралиски полицајци обвинение за дрога..

Полициски водник и висок полицаец од Викторија е обвинет за поседување на дрога.

Полицијата соопшти дека две машки лица од градското подрачје на Мелбурн се сослушани и обвинети во вторникот за поседување на синтетички стероиди и човечки хормон за раст. И двајцата биле суспендирани.

Засега не се преземени активности во однос на третиот член, висок полицаец .

До обвинението дошло откако  полицијата извршила  10 претреси во Мелбурн, во вторникот, од кои тројца се  припадниците на полицијата.

Голем број на луѓе се уште се во притвор и на распит.

Седум други налози биле спроведени на цивилни адреси, вклучувајќи и една адреса на (Moonee Ponds), каде што полицијата заплени синтетички стероиди, човечки хормон за раст , канабис и две пилули.Четири лица на таа адреса се испрашани.

Заменик комесарот Нолан вели дека полицијата со професионални стандарди ја води  истрагата уште од мај. Истрагата е во тек.

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top