Вилиан и Педро потпишаа несекојдневни договори со Челси

Бидејки им истекуваат договорите на Вилијан и Педро во Челси, клубот од „Стемфорд Бриџ“ мораше брзо да реагира..

Имено, Челси им понуди уште по два месеци од договорите, со цел сезоната да биде доиграна до крај и Лампард да ги има двајцата на располагање.

Поради проблемите со Ковид и сите пролонгирани натпревари, се случи поместување на истите, а во тој случај Челси мораше да издејствува нивно останување барем до август.

Педро и Вилијан потпишаа краткотрајни договори со Челси и ќе настапуваат со сините во ЛШ.

Што се однесува до нивната ситуација, Педро веќе бил договорен со Рома, додека околу Вилијан и неговиот следен потег не се знае нешто повеќе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top