Вимблдон пак прави проблеми - го понижи Надал како никој

Првиот контроверзен момент пред почетокот на Вимблдон се случи денеска, при одредувањето на носителите на третиот Гренд слем во сезоната..

Познато е дека Вимблдон секогаш е оригинален, па за овој турнир не важи актуелниот распоред на АТП листата, туку челниците го задржуваат правото да направат пермутации. Тоа на своја кожа го почувствува Рафаел Надал кој иако втор на АТП листата, одреден е како трет носител, а пред него е ставен најтрофејниот на овој турнир Роџер Федерер.

Новак Ѓоковиќ останува прв носител, но сега е можно во полуфиналето да се сретне со Надал, ако ждрепката ги стави на иста страна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top