Виното од 1.600 евра Трамп не го ни проба: Што се јадеше и слушаше во Бакингемската палата

Раскошниот банкет кој Елизабета Втора синоќа го приредила во Бакингемската палата во чест на првата државничка посета Доналд Трамп, го обележаа нивните здравици, но вниманието го привлече и менито кое било понудено за повеќе од 170 гости..

Би-би-си наведува дека на раскошно украсената маса, во чиниите, помеѓу другото, се нашле филети од иверка подготвени на пареа, младо виндзорско јагнешко месо, а за десерт бил послужен сув растресит колач од јагоди со крем од лимон вербена, за потоа да следуваат свежо овошје, кафе и ситни колачи.

На гостите им биле понудени два вида англиски пенливи вина, како и црвено вино „Шато Лафит-Ротшилд“ од 1990 година, чие шише достигнува цена и до 1.395 фунти (1.600 евра).

Би-би-си наведува дека американскиот претседател не пробал ниту едно од овие вина, бидејќи воопшто не пие алкохол.

Менито го избрала самата кралица од четири можни менија што ѝ ги понудиле кралските готвачи.

На банкетот гостите имале можност да ја слушаат музиката на Хендл, но и британскиот поп-пејач Ед Ширан и гајди.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top