Висок севернокорејски функционер за првпат ќе отпатува во Јужна Кореја

Севернокорејскиот церемонијален лидер Ким Јонг Нам ќе замине во посета без преседан во јужна Кореја неделава, соопшти Пјонгјанг во време кога растат надежите за меѓукорејски разговори на високо ниво за време на Зимските олимписки игри за четири дена..

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА потврди дека претседателот на претседателството на Врховното народно собрание Ким Јонг Нам ќе присуствува на свеченото отворање во петок во јужнокорејскиот планински центар Пјонгчанг.

Јужнокорејското министерство за обединување соопшто дека Ким ќе предводи 22-члена делегација која, како што се очекува, ќе пристигне во тридневна посета на Јужна Кореја во петок.

Посетата на Ким Јонг Нам се случува во време кога Сеул се надева на разговори на високо ниво за време на Зимските олимписки игри од 9 до 25 февруари – не само меѓу двете Кореи туку и меѓу Северна Кореја и САД.

Претседателската Сина куќа во Сеул соопшти дека посетата на Ким Јонг Нам, највиоскиот севернокорејски функционер кој ја минал јужнокорејската граница од Корејската војна завршена со примирје во 1953, ќее отвори „разни можности“ за разговори на високо ниво.

„Ова ја покажува севернокорејската решителност за подобрување на меѓукорејските односи и успехот на Олимписките игри како и нивниот искрен став“, изјави портпаролот на Сината куќа.

На свеченото отворање на Зимските игри ќе присуствуваат и американскиот потпретседател Мајк Пенс, јапонскиот премиер Шинзо Абе и други светски лидери.

Пенс со себе носи и гостин за сузбивање на она што Американците го опишуваат како севернокорејска пропаганда на Игрите: Фред Вормбиер, таткото на Ото Вормбиер, американскиот студент кој умре откако лежеше во затвор во Северна Кореја 17 месеци. Неговото присуство треба да претставува потсетник на „ѕверствата“ извршени во Северна Кореја, соопшти Белата куќа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top