Високата цена на Bitcoin е предизвикана од манипулација

Група истражувачи од Универзитетот од Тексас објави дека имаат сознанија дека растот на биткоин и високата цена се предизвикани од манипулација..

Експертите сметаат дека овие манипулации со цената се причина за 50% од растот на Bitcoin и дури 64% на другите валути. Професорот Џон Грифин смета дека растот на биткоин е предизвикан од неколку големи играчи на пазарот. Тие преку Bitfinex манипулираат со вредноста на крипто валутата.

Истражувачите ја истражуваа врската помеѓу крипто валутата Tether и останатите криптовалути. Истражувачите открија дека со падот на биткоин веднаш започнувало купување со Tether. Tether се користел за поддршка на цената и за манипулирање со цената на крипто валутата.

Над 50% од растот на цената на битокин е во периодот од 1 час откако Tether ги преплавувал другите берзи. Истражувањето е направено исклучиво врз база на блокчејнот. Засега ова не може да се потврди со сигурност. Дополнително, основачите на Bitfinex можеби и не се воопшто вмешани во овие манипулации.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top