Витаминот Б-комплекс може да ги ублажи симптомите на шизофренија

Научниците напоменуваат дека овој третман е уште поефикасен доколку се применува од самиот почеток на лечењето на шизофренијата..

Резултатите едно неодамнешно истражување покажаа дека вклучувањето на суплементот Б-комплекс (особено Б6, Б8 и Б12) во редовната терапија за пациентите болни од шизофренија, може значително да ги намали симптомите на оваа болест.

Британските научници ги проучувале ефектите на земањето витамини и минерали кај лица заболени од шизофренија.

Утврдено е дека на пациентите на кои покрај терапијата од антипсихотици е препишана и поголема доза на одредени Б-витамини или комбинација на повеќе витамини од Б-групата имале послабо изразени симптоми на болеста.

Научниците напоменуваат дека овој третман е уште поефикасен доколку се применува од самиот почеток на лечењето на шизофренијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top