Витки, а сити: Трикови како да ја контролирате гладта

Речиси не постои личност која не води борба со вишокот килограми..

Сите сакаат витка линија, но тешко е да им одолеат на искушенијата во чинијата. Ви откриваме шест трикови како да ја контролирате гладта и да спречите непотребен внес на калории.

1. Гуми за џвакање

Најдобрата замена за висококалоричните грицки по кои посегнуваме во моментите на досада, глад или кога гледаме филм се гумите за џвакање.

2. Избегнувајте алкохол и грицки

Овој спој совршено се вклопува, но доколку сакате да останете витки никако не смеете да ги комбинирате бидејќи на тој начин ќе внесете премногу калории.

3. Голема чинија

Оптичка измама. Доколку јадете во големи чинии ќе имате впечаток дека сте изеле мноу повеќе и тоа ќе го задоволи вашиот дневен внес на храна. Лудо, но вистинито, по можност користете сини чинии, бидејќи сината боја ја прави храната помалку примамлива. Црвената, жолтата и портокаловата го стимулираат апетитот, па така, не е случајност што сите ресторани за брза храна ги имаат тие бои.

4. Музика

Слушањето музика која ве опушта за време на оброкот поволно ќе влијае на вас. Бавните и релаксирачки ноти ќе влијаат на вас вашиот оброк да го јадете бавно и лесно, а со самото тоа побргу ќе почувствувате ситост па нема да внесете непотребни калории.

5. Организирајте го фрижидерот

Распоредот на храната во вашиот фрижидер е многу важен. Здравата храна треба да биде поставена во првите редови за да ја воочите веднаш штом ќе го отворите фрижидерот. Сокријте ги или отстранете ги масните и нездрави намирници.

6. Не јадете на работа

Без оглед колку сте гладни не посегнувајте по храна на работа. Стресот на кој сте изложени ќе ве наведе да јадете многу повеќе од тоа што ви е потребно. Трудете се секогаш да најдете време да го изедете оброкот некаде на мирно место далеку од канцеларијата. На овој начин повеќе ќе уживате во храната.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top