Влада: Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпше Законот за јазиците, Владата преку соопштение изрази жалење за неговата одлука..

– Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Ова е гаранција дека законот не предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници – пишува во владиното соопштение.

Според Владата, сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

– Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме – пишува во владиното соопштение.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top