Владата ги отфрла шпекулациите за внатрешни поделби во однос на спорот со Грција

Македонската влада ги отфрла тврдењата во грчките медиуми дека кај неа постојат внатрешни поделби во однос на договорената рамка со Грција..

Премиерот Заев и министерот Димитров имаат единствен став, велат од владата за Канал 5, откако во медиумите беше објавено дека пролонгирањето на телефонскиот разговор со Ципрас се должи на недоразбирањата во македонската влада.

Своевидна потврда за ова стигна и лично од Заев и Димитров, кои објавија фотографии на фејсбук од нивното дружење во Струмица во придружба на нивните сопруги.

 „На иста линија“, напиша премиерот Заев, „Го бараме патот заедно„, напиша Димитров.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top