Владата го усвои предлог буџетот за 2018 година

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава..

Владата на Република Македонија на својата 37 седница, што се одржа вечерва, го разгледа и усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

На оваа седница владата го разгледа и усвои и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

На предлог на Министерството за финансии, владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020.

Министрите во владата денеска го разгледаа и усвоија и Предлог-законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви.

На оваа седница владата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход. Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top