Владата го вклучува и СЈО во работната група за следење на комуникациите

Владата денеска ја разгледа и усвои предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања.

Како што велат од Владата, оваа одлука е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство кои ќе се повикуваат по потреба.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top