Владата им нуди 10 отсто повисоки плати на просветарите

10 отсто покачување на платите од април ќе добијат просветните работници, но последниот збор дали ќе има генерален штрајк ќе го има СОНК..

- Платите ќе бидат покачени за дополнителни 10 отсто во дејноста образование почнувајќи од основно, средно, високо образование и наука. Во 2018. имавме 5 отсто покачување, во 2019 од септември доплнително покачување и априлската плата во 2020. ќе биде со 10 отсто дополнително покачување на платите, вели министерот за образование, Арбр Адеми.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека синдикатот мора да расправа врз анализите и добиените резултати. 

- Лично како човек, а не како претседател на СОНК секогаш се трудам и тежнеам кон нешто повеќе во однос на сегашното, што е нормално и човечки. Така што сметам дека може и повеќе. Моето очекување е дека може процентот да биде повисок. Меѓутоа, ние сме тие кои што бараме, а Владата е таа која што одлучува дали ќе добиеме или не, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top