Владата ќе го организира јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

На 27 мај Охрид и Македонија ќе се сеќава на еден милениум од основањето на древната Охридска Архиепископија..

За одбележувањето на овој значаен јубилеј Владата на Република Македонија формирала работна група, која треба да ја утврди програма и учесниците на јубилејот 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

Членови на оваа работна група се претставници од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

МПЦ-ОА информира дека овој милениумски неповторливи јубилеј има голема важност за Република Македонија и за цела Европа.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на својата редовна седница одржана на 13 март донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27 мај.

Извор: Религија


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top