Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сѐ уште не е познато кој ќе го наследи, иако во јавноста се појавија имињата на неколку можни кандидати за оваа висока полициска функција.

Лазе Велковски ќе остане во МВР, дури и ако Владата го прифати предлогот за негово разрешување. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top