Владата одлучи: Од утре се отвораат трговските центри, обложувалниците, автошколите

Од утре се отвораат трговските центри, автошколите, обложуваалниците, одлучи Владата..

Владата во три фази ќе започне да го враќа животот во нормала. Веќе од утре стартува првата, па така, за потрошувачите вратите ќе ги отворат моловите, центрите за обука, авто-школите, но и обложувалниците. Со работа почнуваат и центрите за рехабилитација, но под посебни протоколи за заштита на здравјето. Сепак, од првата фаза изостанаа угостителските објекти и укинувањето на полицискиот час.

Премиерот Спасовски истакна дека во зависност од јасни критериуми ќе се утврдува колку ќе сме поблиску до т.н. „нова реалност“, односно дали епидемијата е под контрола, дали здравствениот систем ќе може да се справи со евентуални нови заболени и како ќе се изнаоѓаат новите случаи.

Претходно и министерот за здравство Венко Филипче, нагласи дека за два месеца значително ќе се намали силата на вирусот, но дека нема целосно да исчезне.

Инаку, за последното деноноќие, регистрирани се 10 нови случаи – 6 од Скопје, двајца од Куманово и по еден од Прилеп и Велес. Оздравени се петмина, а 60-годишен Делчевец ја загубил битката со вирусот на Инфективната клиника.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top