Владата поддржува меѓународна истрага за “Дива Населба”

Македонската влада изрази готовност за меѓународна истрага за случајот „Куманово“..

Премиерот Зоран Заев истакна дека истрагата во која ќе се вклучат и меѓународни експерти ќе ги расветли дилемите за овој случај кој според адвокатите на осудените и не само на нив, е сценарио на тајните служби.

Владата на Косово пак донесе одлука за доделување финансиски средства за семејствата на убиените и осудените од Косово во случајот „Куманово“. За секои семејство ќе се одвојат по 10 илјади евра, а парите ќе бидат пуштени на жиро – сметка на Советот на семејствата на осудените.

„Предлагам да се доделат финансиски средства во вредност од 290 илјади евра за покривање на трошоците за роднините на државјаните на Косово, убиени и осудени во случајот Куманово. Предлагам за секое семејство на косовските државјани убиени и осудени во Куманово да се доделат по 10 илјади евра“. – изјави Рамуш Харадинај, премиер на Косово

За случајот „Куманово“ беа осудени 37 лица од кои 8 со доживотен затвор, 4 се ослободени од обвинение, а останатите беа осудени на 746 години затвор. Меѓу осудените 19 лица се од Косово.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top