Владата в петок повторно ќе ги отвори вратите за граѓаните

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со работата на владата.

По успешниот „Ден на идеи“, македонската Влада реши уште еднаш да ги отвори вратите за граѓаните.

Од Владата информираат дека во петок, од 10 до 17 часот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со работата, начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, како и со целокупната организација на работата преку присуство на седница на владина комисија.

Во рамките на обиколката на домот на извршната власт граѓаните ќе ги посетат Салата за билатерални средби, Кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат во петок да бидат гости во Влада мора уредно да се пријават на телефонските броеви 02 3118-782 и 02 3131-365 до среда. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top