Владиката Петар напуштил театарска претстава - се симулирале сцени на секс

Владиката Петар си заминал без да ја догледа претставата „Фигурај венерис хисториај“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во која имало сцени со алузии на сексуален акт..

Претставата беше прикажана синоќа на отворањето на 20. Интернационален фестивал на монодрама во Центарот за култура во Битола.

Претставата немаше голотии, туку сцени во кои актерите глумеа дека се сексаат. Битолчани што ја следеа претставата велат дека владиката си заминал токму кога на сцена неколку пара актери глумеле дека водат љубов, објави СДК.

Претставата е работена по најновиот текст од Горан Стефановски, кој за неговото дело има изјавено дека сложениот наслов на драмата крие многу проста порака, дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија. Претставата е во режија на Наташа Поплавска.

И пред пет години владиката Петар си замина на средината од претставата „Енциклопедија на изгубеното време“ во изведба на театарот од Цетиње, Црна Гора, во која имаше секс сцени, а се прикажуваше на затворањето на фестивалот на монодрамата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top