ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЗАДРЖАН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ОД ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА

Ова патување не помина тајно сега преку медијата се дознава дека Петар треба да патува за Австралија..

Владиката Преспанско-Пелагонсиски Петар е задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција, дознава неофицијално „Фокус“ од добро упатени извори

Од МПЦ ја потврдуваат информацијата, но немаат информација дали е вистина и чекаат официјална потврда од МВР.

Владиката Петар попладнево тргнал на пат за Австралија каде што од страна на полицијата е приведен и однесен на информативен разговор.

Последна вест е дека Митрополитот Петар после информативниот разговор е пуштен да патува за Австралија  и се очекува во четврток (денес) да пристигне во Австралија.

„Точно е тоа, имаше некое недоразбирање. Јас го повикав мојот адвокат и тоа се расчисти. Продолжувам со патувањето“, вели владиката Петар за „Макфакс“.

Владиката нè упати повеќе информации за неговото приведување на аеродромот во Скопје да побараме од неговиот адвокат.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top