ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЗАПОЧНУВА НОВ СУД ПРОТИВ ЦРКОВНАТА ОПШТИНА СВ. ПЕТКА ОД РОГДЕЈЛ

Кој ќе ги плаќа новите судски рочишта?.

  • ​Зарем не му беше доволно дваесетина години да се влече по австралиските судови? Но на крајот сите како црква и заедница сме губитници. Тоа е факт декавладиката Петар е “НЕПОПРАВЛИВ”, како штосамиот сега Блаженоупокоен, поранешен поглавар на МПЦ – ОА г.г. Гаврилзапиша во своето обвинение пред да ја донесе пресудата и одлуката за рачинување. на владиката Петар тогаш Европски владика.

  • ​Владиката Петар за време на неговата канонска визитација во Австралија донесе две одлуки Бр: 4 и 5, на 17 Јануари 2017 со кои одобрува покренување на судски рочишта против управата и црковната општина Св. Петка од Рогдејл со која се спореше дваесетина години. На крајот само адвокатите се офајдија.
       
  • ​Писмено беше известен САС на МПЦ – ОА, коипак писмено од седницата одржана на 29.06.2017подБр: 117даваат препорака со која предлагаат да се седне заедно со адвокатите од двете страни и да се дојде до спогодба на легалните трошоци. Но во тоа не се успеа бидејки пред доагањето на владиката Петарсудското рочиште веке е закажано. Сега се отвора пандорината кутија со којаМПЦ– ОА ке биде вовлечена уште најмалку5 години во суд, а ке бидат потрошени уште неколку милиони долари.

  • ​Како што изгледа дека и овој пат, како и многупати порано, непрокопсаниот владика Петар успеа да ги разубеди членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА со неговите добро осмислени лаги дека адвокатите наводно си ги барале парите и тие ке тужеле ( а не тој) за некои рочишта против МПЦО Св. Петка. Се работи за лага!!!

  • Сакаме да информираме за следното:
         
  • 1. Адвокатите работеа и го бранеа владиката Петар, бидејки тој ги ангажира како правни лица во судското рочиште што го покрена против Св. Петка, верниците и управата. Дваесет години говори дека неговите адвокати работаат без пари. Акосегаадвокатите бараат, пари значи владиката лажел во претходните изјави. Адвокатите кои Св. Петка ги ангажира треба таа да си ги плати без разлика колку рочишта се добиени или изгубени. Управата на Св. Петка верува дека има добиено повеке рочишта, астраната на владиката Петар треба да и плати на Св. Петка а не на адвокатите на Св. Петка. За адвокатските трошоци одговара страната која ги ангажирала.

  • ​2. За да се пресмета точно кој на кого и колку му должи,треба да се ангажираат неколку адвокати чија специјалност е пресметкина судските трошкови.

  • ​3. Според нашите адвокати, минимално само нашата страна би ја чинело околу $500.000 илјади долари, само за пресметките. А самиот процес би траел околу две години, до колку не се јават и други непредвидени работи, а што е вообичаено

  • ​4. Се работи само од наша страна за околу двесте (200) кутии со судски материјали и сметки кои треба да се прегледаат, евидентираат и да се пресмета далидотичните (наши) адвокати за извршената работа во досегашниот судски процесс наплатиле точно колку што треба по предвидената тарифаили пак повеке? А владиката Петар кој знае колку кутии наполнил со фалсификати.

  • 5. Се работи за 92 рочишта за кои судиите донесле пресуда, и која страна треба да ги плати трошковите. Секое рочиште имаше и различна цена.

  • 6. За вкупната сума за која ке се произнесат тимот специјалисти –адвокати, ке треба да им се платиза нивната работата од 15 до 20%. Значи акосумата е два милиони,само за тоа работа треба дасе платиоколу$400.000.

  • ​7. Барем во годината кога нашата мајка црква го прославува својот педесетгодишенјубилеј, да не се влечеме по австралиските судови.

  • Зарем ништо не научивме за овие дваесетина години. Владиката кога можел да ангажира адвокати и да суди треба и да си ги плати трошковите. Цел судски процес е заснован врз лаги, а сега некој друг треба да плака,

  • ​8. Значи ние како управа сега треба да покренеме судско рочиште за штетата која и е направенана МПЦО Св. Петка, против владиката Петар инеговите членови на управниот одбор и цел живот ке се тужиме, а благочестивиот Македонски народкој ги градеше овие велелепни храмови,го испустивме и избркавме од црквите.

  • ​9. Во оваа пригода најполезно за сета Македонска заедница и цркваби билодвете страин да си ги подмират своите трошкови кон своите адвокати, бидејки уште неколку милиони долари ке бидат фрлени по ветар за нечии терсене табиети.

  • ​10. За владиката Петар не важат ни светите канони ни уставот на МПЦ – ОА. Простете господа Архиереи, немаме ништо што остана за да можат адвокатите да ни го продаваат и отугуваат. Ниостанаа само нашитедуши и љубовтакон црквата, Татковината и споменот кога го палевме Светиклиментовото кандило да свети на петтиот континент.Денес пак кога треба сите да го прославиме тој голем и возвишен празник, 50-етгодишниот јубилејна автокефалната Македонска Православна црква– Охридска Архиепископија, некој се обидува повторно да нетормози и влече по судови.

  • 11. Ние како МПЦО Св. Петка сме дел од нашата Светиклиментова Македонска Православна црква – Австралискосиднејска Епархија која е регистрирана ие правно лице во Австралија, што значи сега две епархии на иста црква, на ист народ се во судски спор? Значи ние се судиме сами со себе. Зошто?

  • Сето тоа само за еден човек, и до кога сето тоа ке се трпи и толерира.

  • До кога ке дозволуваме да се делиме и да се разнебитува Македонската заедница и МПЦ во Австралија. Зар не беа доволно дваесет години и потрошени милиони долари, а за тоа време со тие пари можеше многу работи да изградиме и во Австралија и во Македонија.

  • Зарем ние не сме деца на МПЦ, и ваши како на Архиереји на МПЦ, или сме посвоени и оставени на немилоста и тортурата на еден очув кој требаше да биде наш татко. Тој не има толку разочарано што ги губиме сите надежи за успех на МПЦ и Татковината.

  • Управен одбор на МПЦО Св. Петка 

Извор: МПЦ - Охридска Архиепископија Австралиско - Сиднејска Епархија


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top