Владиниот авион бил на сервис, затоа Заев и Пендаровски летале со редовни линии

Владиниот авион бил на редовен сервис.

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, потврдиле од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк од каде рекле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.

– Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела – изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески за СДК.мк.

Пендаровски на 11 јуни замина во Брисел со редовна авионска линија со преседнување во Љубљана, а Заев во саботата од Виена се врати со комерцијален лет. И двајцата се пофалија на социјалните мрежи дека обични патници.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top