ВМРО - ДПМНЕ ќе биде изложено на изборен бојкот од страна на форумџиите од „Слободоумните патриоти“

Форумот на слободумни патриоти, кој функционира како фракција во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги повика членовите на оваа партија да ги бојкотираат претстојните парламентарни избори, дознава Фокус..

Првиот човек ФСП, Владимир Змејковски, вели дека Форумот се уште не донел конечна одлука како ќе се постави во однос на изборите на претстојните избори, но не ја исклучува можноста за бојкот.

-Како што досега стојат работите, најверојатно ќе повикаме на бојкот, но треба да расправаме каков конечен став да заземеме – изјави Змејковски.

Инаку, Форумот започна да функционира како неформална организација составена од членови и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои се спротивставија на начинот на управување на партијата и побараа промена на партиското раководство.

Сепак, членовите на ФСП за кусо време се разидоа, така што едни се вратија кон ДПМНЕ, други се пруклучија кон опозициските коалиции надвор од СДСМ – Коалиција за промени и правда и ВМРО за Македонија, додека третите го регистрираа Форумот како невладина организација, која нема активно да учествува на следните избори.

Извор: Фокус.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top