ВМРО - ДПМНЕ: Со СДСМ на власт Македонија стана единствената држава во Европа каде се затвораат и тепаат политички неистомисленици

Тепањето на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е уште еден обид на власта да креира страв кај граѓаните во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ..

Оставката на директорот на Истражниот затвор во Скопје е само блед обид за избегнување одговорност на нарачателите на линчот врз Ристовски и Јанакиески.

Целиот случај не смее да се заташка на овој начин, а одговорните мора веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста мора да знае кој го нарача обидот за линч и зошто тепањето не било на време спречено.

Зоран Заев и Рената Дескоска да не бегаат од одговорност и да си поднесат оставки. Само така ќе се спроведе независна истрага која ќе резултира и со кривична одговорност за нарачателите. 

Недозволиво е за една земја која претендира да биде член на Европската Унија да затвора и тепа политички неистомисленици.  Со ваквиот чин власта ја враќа Македонија во црните времиња на комунизмот и едноумието и ја става во рангот на тоталитарни режими како Северна Кореја.

Лагите и клеветите на СДСМ не можат да го скријат фактот дека во притвор беа претепани двајца поранешни министри, а власта не направи апсолутно ништо за тоа да го спречи. 

Политичкиот прогон и насилството во Република Македонија станаа секојдневие.  Граѓаните повеќе не се безбедни и се исплашени дека може да ги снајде истото доколку го кренат својот глас против власта. 

Оваа хајка против неистомислениците мора да заврши. Граѓаните ќе ги казнат СДСМ и Заев на претседателските избори, а тоа резултира  со неминовни предвремени избори кога повторно ќе бидат поразени и СДСМ ќе замине на црната страна на историјата а правната држава и демократијата ќе се вратат во Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top