ВМРО-ДПМНЕ бара референдум за изградба на бегалски станови и во Велес

Референдум заедно со локалните избори и во велес бараат општински советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ..

Ова го соопшти лично претседателот на советот Александар Колев, кој тврди дека владата побарала од општина Велес локации за изградба на станови за мигранти. Колев бил загрижен оти мигранти можеле да ја сменат демографската карта на градот, да учеле во велешките училишта и факултети, но и да се вработувале.

„Овој национален план се бара да се изјасни околу обезбедувљњето на проекти за изградба на објекти со кои ќе се обезбеди поврзување на донатори и грандоначалници со целзголемување на капацитетите за инвстиции во социјални станови кои ќе бидат наменети за целната група бегалци“ - вели Колев.

Барањето доаѓа само еден откако градоначалникот, Славчо Чадиев за еден локален портал изјави дека до него не стигнало никакво барање за локации. Колев вели – градоначалникот тоа го демантираше, покажа документ за кој тврди дека е барање и ја посочи локацијата кај велешката касарна како можна локација за изградба на становите.

Реагираше СДСМ. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, но доколку советот донесе одлука за референдум и членовите на СДСМ ќе гласаат против изградба на станови.

„Референдумите по ова прашање се беспредметни. ВМРО ДПМНЕ да се вразуми и веднаш да престане да ги плаши граѓаните. Локалните референдуми се неприкосновено право на граѓаните за директно изјаснување, но тие треба да постојат за клучни прашања од нивни интерес, а не за измислиците и лагите на Груевски. ВМРО ДПМНЕ мора да се откажат од мешање на референдуми на ова апсурдно прашање со претстојните локални избори. Институциите треба да гарантираат слободно изразување на политичката волја на граѓаните на локалните избори.“ - велат од ОО на СДСМ – Велес.

Седницата на советот на општина Велес е закажана за в понеделник. Дневниот ред е веќе испратен до совертниците, а се очекува оваа точка да биде дополнително додадена. Мнозинството во велешкиот совет го има ВМРО-ДПМНЕ. Референдуми против изградба на станови за мигранти веќе изгласаа повеќе градови во Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top