ВМРО-ДПМНЕ: Да владееше правото немаше да се судат луѓе на 81 година затвор, а да се замижува на снимки со поткуп

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавата на Оливер Спасовски денес е изјава на гласноговорник на криминалниот картел на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Спасовски дека амнестија за криминалот не смее да има.

-Залудно Спасовски говори за евроинтегративен пат на Македонија кога неговата влада ја закова за една година државата на дното на листата за корупција на Транспаренси интернешнл, кога Европска унија им нотира корупција во судството, кога цвета криминалот и корупцијата на картелот на власт преку нивните бизниси, а економијата тоне. Да владееше правото во Македонија немаше да се водат политички монтирани судски процеси, да се судат луѓе на 81 година затвор, додека од друга страна се замижува пред очигледна снимка на која се бара поткуп од 200 илјади евра или за убиство обвинетите се судат на четири месеци затвор.Спасовски заедно со својот шеф Заев успеаја да ја урнисаат Македонија и да ја претворат во темен вилает во кој се гази достоинството и правата на народот, а секој кој се противи се соочува со монтирани судски случаи, солзавец или шок бомби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top