ВМРО-ДПМНЕ: Дали истрагата за Јанушев се одолговлекува поради блискост на убијците со власта?

Зошто се уште нема потерница по убиецот на на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој за овие три дена можел да избега и да стигне каде сака, праша Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ..

-Убиецот на Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице. 

Прашањето што се поставува во моментов е кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле? Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи? – праша Нацев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top