ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка, тој е без кредибилитет

За СДСМ здравството претставува само приватен бизнис и ништо друго, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Од партијата посочуваат дека за СДСМ не се важни здравјето и животите на граѓаните туку само наместените тендери.

-Низата на афери не допреа со совеста на функционерите на СДСМ. Министерот за здравство Венко Филипче безобзирно ги искористува сите можности да дојде до повеќе пари од буџетот кој е предвиден за лекови за граѓаните. Филипче да си поднесе оставка. Тој е без кредибилитет, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека со 35 милиони евра ќе можеше да се решат многу проблеми во здравството, но тие пари беа наменети само за еден, фирма за кој постојат сомневања дека e блиска до врвот на Власта.

-Директорката на клиниката за хематологија доделила тендер тежок 3 милиони евра на сопствената фамилија. Имено директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата која го доби овој тендер. Последен но не и најмалку опасен е скандалот со инсулинот кој според сомневањата е со краток рок и не може да се користи повеќе недели. Доколку ова е точно тоа e животно загрозувачки за пациентите кои очајно им треба инсулин. СДСМ својата инвентивност на ја користи за да најде решение за проблемите на граѓаните туку наоѓа начини како да ги испумпа парите од буџетот само за да ги добие фирма блиска до нивната врхушка, се наведува во соопштението.

Во ова лудило, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на секојдневни афери со наместени тендери не заостанува ниту вицепремиерот Коче Анѓушев.

-Неговите фирми се најдоа меѓу добитниците на грантовите од фондот за иновации, доби тендер за поцинкувана жица вреден 40000 евра, сe изгласа царинско олеснување за увоз на акомулатори какви само неговите фирми користат, и ред други афери на кои очигледно им нема крај. Криминалната Влада на СДСМ мора да сноси одговорност за сите афери каде ги цица парите на граѓаните. Многу брзо ќе дојде денот кога ќе одговараат. Република Македонија и граѓаните ќе победат, стои во партиското соопштение.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top