ВМРО-ДПМНЕ го нарече СДСМ „мафија“

ВМРО-ДПМНЕ и се заканува на СДСМ со одговорност поради, како што тврдат, насилството што го практикуваат нивните функционери и партиски послушници врз професионалците во институциите..

„СДС врши вистинска тортура за која ќе има одговорност.Зоран Заев и СДС се пресметуваат со сите професионалци кои долги години себе си се вложиле за државата и во МВР. Таргет се сите професионалци кои работеа на бројни случаи, почнувајќи од оние како „Планинска бура“ во кои се бранеше државата, па се до предмети во кои, заради трговија со наркотици, беа откриени голем број партиски пријатели и соработници на Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДС.Тоа што го прави СДС е пресметка на мафијата со професионалците во МВР кои досега го гонеа криминалот кој сега се наоѓа во власта“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, оваа партија ги повикува и охрабрува професионалците во МВР „да не подлегнуваат на политичките притисоци“ од СДСМ, а исто така и претставниците на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top