ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Република Македонија ја земаат најниската просечна плата на Балканот

Граѓаните на Република Македонија ја земаат најниската просечна плата на Балканот и меѓу најниските во Европа..

ВМРО - ДПМНЕ излезе со реакција на соопштението на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија ја земаат најниската просечна плата на Балканот и меѓу најниските во Европа. Повеќе од половина милион македонски граѓани денот го поминуваат со еден оброк, односно животот го поминуваат во сиромаштија.

Вештачкото покачување на минималната плата не е доволно. На големо се зборува дека илјадници граѓани кои земаат субвенцинионирана минимална плата го враќаат делот од плата субвенциониран од државата назад кај работодавците.

Не смее да се заборави ниту причината за високата невработеноста која со години не може да се доведе на нормално ниво поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ.

Капиталнтие инвестиции се на очајно ниско ниво, реализацијата на буџетот изминатите три години го достигна дното. Она што мора да се напомене е дека годината која Зоран Заев ја најави како економска бизнисмените ја прогласија за најлоша во историјата на независната Македонија, притоа напоменувајќи ги проблемите со ликвидноста.

СДСМ имаше 3 години да ги тргне розовите очила, да ги засука ракавите и да се фати за работа. Да спроведе вистински реформи и политики од интерес на граѓаните. Ннаместо тоа СДСМ со штетни политики ја уназади државата и ги осиромаши граѓаните. Заврши времето на криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев. Доаѓа времето на реформите и обновата на Македонија!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top