ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму спротивствени околу предлог-законот за попис

Продолжува препукувањето меѓу власта и опозицијата за предлог-законот за попис на населението..

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на пробниот попис кој веќе почна на терен и велат дека законот е надвор од сите стандарди.

Партијата на Мицковски конкретно не се согласува со можноста предвидена во предлог – законот за попишување на блиски роднини само со матичен број или со други лични податоци, одредба која ќе го помогне пописот на дијаспората. Тие велат дека ако не бидат вклучени во процесот на подготвување на законот, ќе го бојкотираат процесот. Од СДСМ ги негираат обвинувањата на опозицијата дека тие се исклучени од процесот на подготвување на законот.

Предлог-законот се уште не помина на матичната собраниска комисија, со оглед на тоа што првата седница беше одложена. Пописот на население се предвидува да се одржи од 1 до 21 април идната година, а граѓаните кои живеат надвор од државата ќе може да бидат попишани од страна на нивни роднини или лично во електронска форма почнувајќи од 1 март, еден месец пред пописот во земјава. По реакциите во јавноста, предлог-законот предвидува и етничка и верска графа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top