ВМРО-ДПМНЕ и се закани на Шекеринска дека ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

Радмила Шекеринска ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч, соопштија од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, дека 90 отсто од времето на лидерските средби било потрошено за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се измени законот со цел да се осигура амнестија на поранешни функционери.

„Токму овој член од кривичниот законик е оној по кој што кога ќе се врати правната држава, а судството ќе се ослободи од стегите на кланот, криминалците на власт ќе бидат гонети за поделените стотици милиони евра во партиските компании. Единствениот интерес и приоритет на Радмила Шекеринска и на нејзиниот партиски лидер е бегство од законот и бонбона бизнисите на сметка на осиромашување на државата и безбедноста.

Радмила Шекеринска според членот 353 од КЗ на РМ ќе одговара како министер за одбрана од набавките на мазут од компанија која не ги исполнува условите, набавка на автомобили од партиски спонзор- компании за милионски суми евра, а ќе се преиспитуваат и набавките на бадеми, лешници, морски плодови и торти за десетици илјади евра, потоа евентуалната злоупотреба на армиски летала, до делење на грантови на нејзини блиски сомнителни партиски организации скриени под плаштот на граѓански здруженија.

Радмила Шекеринска, како и впрочем цела постава на власта, се обидува да ја заобиколи на вистината и што повеќе да излаже се со цел манипулација со јавноста заради капитулантскиот договор со Република Грција во кој што гледаат спас од правото и правдата“, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top