ВМРО ДПМНЕ ја обивни СДСМ дека врши изборен поткуп

ВМРО ДПМНЕ ја обвини владеачката СДСМ дека преку економските мерки врши изборен поткуп на граѓаните ..

“Оваа акција на СДСМ и нивната влада се случува непосредно пред избори. Парите се изборен поткуп од државна каса кој ќе биде усмерен кон околу 100.000 граѓани, гласачи, или околу 25-30.000 семејства кои треба послушно да се оддолжат на СДСМ, владата и на Зоран Заев за земените 100 евра. За СДСМ да победи на изборите а потоа, секако, пак по старо. Високи даноци, наместени тендери, партиски вработувања, заробена полиција, обвинителство и судови, задоцнети или условени субвенции за земјоделците, без субвенции за студентите, грабање од партискиот Фонд за иновации, рекети на фирми и, она што е веќе најавено, трговија со откажување од националниот јазик и историја” соопштија од ВМРО ДПМНЕ реагирајќи на објавата на третиот пакет економски мерки.

Во гостувањето на ТВ Сител, Зоран Заев реплицираше на ваквииет коментари со твдрење дека економските мерки за ублажување на последиците од кризата ги барала и опозицијата.

“Изборите беа димензионирани на 12ти април, ако имал некој намера да има скриени намери за ради поткуп ќе ги демизиониравме мерките уште јануари, февруари, март месец или слично, впрочем и опозицијата е таа која што бара да има уште повеќе поддршка, уште повеќе мерки, уште повеќе помош и на стопанството и на граѓаните” изјави Зоран Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top